Претседателот на косовското собрание, Кадри Весели, најави дека во косовската војска ќе има 5.000 активни и 3.000 резервни војници и дека за тоа постои целосна поддршка од сите членки на НАТО. Весели за „Вечерни лист“ изјави дека косовската војска ќе биде формирана до крајот на годинава, без оглед на протестите во Белград.
-Врз основа на сите анализи што ги направивме со пријателите од НАТО, што се однесува на стратешките сигурности, имаме пет илјади активни и три илјади резервни војници. За сето тоа имаме и целосна поддршка речиси од сите членки на НАТО- рекол Весели.
Изграден е долгорочен план, кој ќе трае 10 години, истакнал Весели и додал дека војската ќе биде составена од сите граѓани на Косово.
-Тоа што Вучиќ се противи и ги повикува Србите да не се вклучуваат во војската на Косово не е човечки ниту коректно- порача Весели.