Регион 31. октомври 2018. / 13:28

Весели: Итна седница на косовскиот парламент по повод разграничувањето со Србија

Весели: Итна седница на косовскиот парламент по повод разграничувањето со Србија

Раководството на Собранието на Косово донесе одлука на 31 октомври да се одржи вонредната седница во врска со ангажманите на претседателот Хашим Тачи за корегирање на границите со Србија. Спикерот на Собранието, Кадри Весели уште еднаш ги повика политичките партии да се обединат за заштита на територијата и да ги надминат политичките инаети.

-Меѓусебната енергија треба да се претвори во позитивна енергија, тоа е енергија за нашата одлучност за Србија. Ние имаме само еден противник на нашата независност, тоа е Србија. Не треба да наоѓаме противници внатре меѓу над. Се надевам дека ќе ги надминеме инаетите со колегите од опозицијата- Косово е заедничко. изјави, Кадри Весели- претседател на Собранието на Косово