Поранешниот министер за надворешни работи на Грција и поранешен претседател на грчката партија „ПАСОК“, Евангелос Венизелос вели дека грчкиот премиер го има обезбедено неопходното мнозинство во парламентот за ратификација на преспанскиот договор и за изгласување на доверба во владата.
–Мислам дека господинот Ципрас беше многу јасен во неговото последно интервју, а тоа укажува дека ги привлекол пратениците од партијата „Независни Грци“, како и пратениците од другите помали партии кои немаат традиција и вредности, и на тој начин го обезбедил мнозинството за ратификација на договорот и изгласувањето на доверба“, истакна Венизелос.
Тој обвини дека Ципрас не го интересира демократскиот легитимитет и односот со општетсвото, туку е заинтересиран само за тоа како подолго да остане на власт.