Регион 15. декември 2020. / 10:53

Вечерва се гласа за Буџетот во Грција: Рецесија од 10,5 отсто

Вечерва се гласа за Буџетот во Грција: Рецесија од 10,5 отсто

Со говорите на лидерите на политичките партии и на премиерот, вечерва во грчкиот Парламент завршува петдневната расправа за буџетот за 2021 година, по што ќе следи и гласањето на пратениците, јави дописничката на МИА од Атина.

Буџетот, меѓу другото, предвидува раст од 4,8 отсто за следната година и рецесија од 10,5 отсто за 2021 година, а невработеноста, се очекува оваа година да биде 16,9 отсто, 1,7 проценти повеќе од лани, но следната година да се намали на 16 отсто.

Во однос на долгот на земјата, се проценува дека ќе достигне до 340 милијарди евра односно 208,9 отсто од БДП на крајот на 2020 година, во споредба со 331 милијарда евра или 180,5% од БДП во 2019 година.

За 2021 година се предвидува намалување од 9,3 процентни од БДП, на 199,6% или 343,2 милијарди евра.