Јавниот долг на Хрватска ќе скокне на 90 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), дури и ако кризата со корона вирусот заврши за три месеци, пишува „Вечерњи лист“.
Во текстот се наведува дека Хрватска влегла во пандемијата како најзадолжена земја во транзиција, со ниво на долг од приближно 73 проценти, што ја става на деветтото место според задолженоста на земјите во рамки на ЕУ.
Слично на Хрватска, само Унгарија и Словенија имаат јавен долг од околу 70 проценти, додека далеку поуспешната Чешка уделот на долгот во БДП е само 32 отсто, Словачка 50 проценти, а најмалку задолжената европска земја Естонија само осум проценти, наведува хрватскиот весник.
На врвот на листата е Грција, со 180 отсто јавен долг, по што следува Италија со 135 отсто, Португалија со 122 отсто, Белгија, Франција и Шпанија со по околу 100 проценти, што, според сите прогнози, годинава значително ќе се влоши.