Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека Европската Унија ќе му помогне на Западен Балкан и во вториот бран од епидемијата со Ковид-19.
– Бевме со регионот и за време на првиот бран и веднаш испративме помош во медицинска опрема и поддршка за економијата. Гледаме дека доаѓа втор бран и мораме да се подготвиме да упатиме помош, доколку тоа биде потребно, посочи Вархеји.
Тој за време на видео конференцијата „Западен Балкан по 2020: Постапки и одлуки за време на пандемија”, повтори дека иднината на Западен Балкан, Европската Комисија ја гледа во ЕУ и е од голем интерес за Брисел.