Регион 02. април 2020. / 17:36

Вархеји: ЕУ и земјите од Западен Балкан заедно ‘ќе се борат против корона вирусот

Вархеји: ЕУ и земјите од Западен Балкан заедно ‘ќе се борат против корона вирусот

Eврокомесарот за проширување, Оливер Вархелји, порача дека сите шест партнери на ЕУ од Западен Балкан – Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово го потврдиле своето учество во договорот за заеднички набавки, што се однесува на медицинска и друга опрема за справување со корона вирусот.

Заедно се бориме против коронавирусот. Задоволен сум што сите шест партнери од Западен Балкан го потврдија своето учество во Заедничкиот договор за набавка, а четири досега го усвоија предлогот за „зелени линии“ кои ќе го осигураат протокот на храна и лекови – објави Вархеји на Твитер.