Регион 26. октомври 2018. / 17:23

Узбуна во Хрватска: Вооружен маж се шетал пред домот на Колинда

Узбуна во Хрватска: Вооружен маж се шетал пред домот на Колинда

Хрватската полиција итно уапсила маж, кој со оружје се шетал и стоел во близина на зградата каде што живее претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ, во Загреб, пренесува Јутарњи лист.

Околу 15 часот полицијата добила дојава дека непознато лице шета по улица со оружје.

Полицијата брзо реагирала, по шго го уапсила мажот.