Регион 23. септември 2018. / 14:10

Ужасно: Сиромашните деца во хрватските градинки ги нарекуваат мали “лидлчиња”

Ужасно: Сиромашните деца во хрватските градинки ги нарекуваат мали “лидлчиња”

“Лидлчињата” се деца чиишто родители им купиле облека од истоимениот трговски синџир, но и сите други деца чиишто родители се со послаба имотна состојба.

Кај децата во градинка во Хрватска во последно време е популарен погрдниот назив за врсниците чиишто родители облека и друг прибор им купуваат од големите маркети како што е Лидл, кој е познат како евтина шопинг дестинација. Имено, децата ги нарекуваат “лидлчиња”.

Користењето на овој погрден назив од страна на децата во градинките засега е забележано само во Сплит. “Лидлчињата” се деца чиишто родители им купиле облека од истоимениот трговски синџир, но и сите други деца чиишто родители се со послаба имотна состојба.

-Децата не се свесни дека одредено однесување може негативно да влијае врз чувствата и самодовербата на другите, нивната емпатија не е изградена во толкава мерка, но ваквата класификација на другите деца според тоа дали облеката им е од некоја фирма или не, е загрижувачка кога станува збор за деца од таа возраст, објаснува неегувателка од една сплитска градинка за Сплитски дневник.

-Можете само да си замислите како се чувствува детето кое така го нарекуваат, вели негувателката.

-Децата навистина знаат да бидат сурови. Предмет на подбив можат да бидат различни поводи како што е носење очила, клапнати уши, ако некој е невешт во активности како што се цртање, сликање или некои игри. Значи сите оние нешта кои во некоја мерка се очекуваат или можат да се предвидат, вели негувателката и им порачува а родителите дека мора да внимаваат каков пример им даваат на своите деца, бидејќи се што прават влијае на нивното однесување и психолошка состојба.

-Родителите малку нека размислат, па сите заедно да се потрудиме да ги научиме нашите деца на вистинските вредности, оти тие се нашата иднина, порача негувателката.