Во Сараево утринава е запален автомобилот на потпретседателот на Сојузот за подобра иднина на БиХ, Адисе Омербеговиќ-Араповиќ, пренесуваат босанските медиуми.
Автомобилот е запален во 4.25 часот, а откако е направен увид, утврдено е дека пожарот е предизвикан со лесно запалива течност.
Истрагата е во тек.