Регион 29. јуни 2018. / 20:33

Уште една држава го повлече признавањето на Косово

Уште една држава го повлече признавањето на Косово

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, денес соопшти дека уште една земја ја има повлечено одлуката за признавање на Косово. Во таа прилика Дачиќ одби да даде одговор за која земја се работи, оставајки им на Косовоските власти самите да откријат за кого се работи.

Таа земја е Либерија, која се наоѓа во Северо-Западна Африка. Тоа е земја со популација од 4,5 милиони жители, чии претседател е некогашната фудбалска легенда Жорж Веа. Одлуката е официјално донесена на 20 Јуни, додека Ивица Дачиќ официјалното известување го добил деновиве.

Либерија е земја членка на Самитот на Неврзаните, каде сеуште живее култот за Југославија, и во помала мера за Србија како директен сукцесор на Југословенската социјалистичка федерација.