Регион 10. април 2018. / 15:23

Унгарскиот парламент ќе го усвои законот за забрана на невладините организации

Унгарскиот парламент ќе го усвои законот за забрана на невладините организации

Меѓу првите закони кои ќе ги усвои новиот состав на унгарскиот парламент, би можел да се најде и оној со кој на владата ѝ се овозможува да ги забрани невладините организации кои ја поддржуваат миграцијата и претставуваат ризик по националната безбедност.

Ова го изјавил Јанош Халас, портпаролот на партијата Фидес, која убедливо победи на вчерашните избори и во парламентот обезбеди двотретинско мнозинство.