Регион 03. ноември 2020. / 20:59

Унгарија со вонредна состојба и т.н полициски час

Унгарија со вонредна состојба и т.н полициски час

Унгарската Влада повторно воведува вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот, која стапува во сила на полноќ, и ќе трае 90 дена, соопшти премиерот Виктор Орбан.

Баровите и местата за забава се затвораат и се воведува ноќен полициски час. Училиштата, продавниците и рестораните остануваат отворени.

Во видео порака на Фејсбук, Орбан објави дека вонредната состојба ќе трае 90 дена, пренесува МТИ.