Регион 02. ноември 2018. / 19:10

Унгарија планира да ги охрабри и поддржи големите и стабилни семејства

Унгарија планира да ги охрабри и поддржи големите и стабилни семејства

Унгарската Влада сакајки да го одбегне деморафскиот пад, им овозможува на сопствените граѓани на полесен начин да создадат поголеми семејства.

Со таа цел, Владата на премиерот Виктор Орбан отпочна формални консултации со унгарците, со цел да ги разгледа нивните идеи околу тоа како државата би била поефективна во поддршката на семејствата. Истражувачки форулари ќе бидат испратени до околу 8 милиони домаќинства во текот на следниот месец. Секретарот на Државниот Парламент, Шаба Домотор вели дека предметот на дискусија ја вклучува и помошта до венчаните двојки, начинот на охрабрување на двојките да имаат повеќе деца, како и флексибилно работно време за ангажираните мајки.

Повеќето унгарски медиуми велат дека моменталната демографската политика на Унгарија, ја одбегнува масовната имиграција, во корист на домашно одгледаните деца, со што веќе постои ефектот на зајакнување на семејствата во рамки на нацијата.

Одкога во 2010 година премиерот Виктор Орбан дојде на власт, и почна со првите политики од овој тип, демографската политика на Унгарија почна да бележи вистински резултати. До 2017 огдина бројот на абортуси падна за една третина, од 40.4449 на 28.500, разводите имаат забележителен пад (од 23873 во 2010 до 18.600 во 2017 година) додека бројот на бракови има пораснато за 42%.

Во 2010 година се склуени 35.520 бракови, додека во 2017 склучени се 50.600 бракови.

Медиумите исто така забележуваат дека одкако е избран Орбан, 83.000 унгарски семејства примиле субвенции за купување на домови, имаат заштедено на даноци, и се имаат отворено за 50% повеќе места за дневна нега.

Постојат многу сведоштва кои ги потврдуваат позитивните ефекти, како врз растот на унгарските семејства на број, така и врз зголемувањето на бројот на нивните членови. Унгарците генерално позитивно ги оценуваат ваквите про-демографски политики на актуелната влада на Виктор Орбан, кои во последно време вклучуваат и консултации со Католичката Црква.

Унгарците стануваат се повеќе „семејни“ луѓе, е заклучокот најчесто на младите луѓе денес во Унгарија.