Унгарија воведува двонеделен карантин за да го забави ширењето на корона вирусот, за кој се верува дека пикот ќе го достигне во јуни или јули, рече во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбан.
На граѓаните ќе им биде дозволено да одат на шопинг и да вежбаат надвор од дома за време на карантинот, кој започнува во сабота, но тие ќе мора да држат растојание меѓу себе.
-Мерките ќе ги спроведе полицијата со надлежност да ги казни оние кои ги кршат правилата, изјави Орбан преку радио.
Тој додаде дека официјална Будимпешта во првата или втората недела од април ќе претстави акционен план за унгарската економија.
Досега земјата има регистрирано 300 случаи на инфицирани со кониот корона вирус и 10 починати. Орбан посочи дека вистинскиот број на заразени веројатно е многу поголем.