Регион 31. октомври 2019. / 19:10

УНЕСКО на Сараево му додели статус на филмски град

УНЕСКО на Сараево му додели статус на филмски град

Сараевскиот филмски фестивал објави дека по повод Светскиот ден на градовите, кој се слави на 31 октомври во Париз, на Сараево му е доделен статус на филмски град од страна на УНЕСКО.

УНЕСКО доделува статус на филмски град на градови кои имаат богата филмска историја, препознатливи филмски фестивали, значајни филмски локации и продукциска инфраструктура и се посветени на развој и промовирање на филмското творештво.

Покрај Сараево, овој статус го добиле германскиот град Потсдам, познат по славното филмско студио и филмскиот забавен парк Бабелсберг, индискиот град Мумбај, центарот на Боливуд, шпанскиот град Ваљадолид и новозеландскиот Велингтон.