Регион 19. ноември 2019. / 15:11

Улица во Србија ќе го носи името на Тоше Проески

Улица во Србија ќе го носи името на Тоше Проески

Една улица во селото Јабука во општина Панчево, Србија, ќе го носи името на Тоше Проески. Предлогот улицата да го носи името на Тоше е упатен до собранието на градот Панчево, и наскоро би требало да биде усвоен.

Тоа што улицата Тоше Проески ќе се наоѓа токму во селото Јабука не е случајност. Во ова село живеат голем број Македонци, кои на посебен начин сакаат да му се оддолжат на својот славен сонародник, пренесува информер.рс