Четири лица се приведени во Солун од страна на грчката полиција поради напад на двајца учесници на геј парадата во Солун. Тие најпрво ги навредувале учесниците на парадата, а потоа ги фрлиле во море. Учесниците на парадата не се повредени.
Полиција информираше дека вчера во Солун на Парадата на гордоста имало околу 5 илјади лица. Ова е седма Парада на гордоста на северот на Грција.