Регион 12. март 2020. / 10:38

Учениците во БиХ наставата ќе ја следат преку интернет

Учениците во БиХ наставата ќе ја следат преку интернет

Во основните и средните училишта во кантонот Сараево, поради коронавирусот, редовните часови ќе бидат заменети со часови преку интернет во текот на следните 15 дена, соопшти Владата на Кантонот Сараево.

Министерот за образование на кантонот во Сараево, Анис Кривиќ објасни дека, во согласност со решението, часовите во основните и средните училишта ќе се одржат онлајн од 12 до 25 март.

Кризниот штаб на Федералното министерство за здравје вчера издаде нова наредба со која им наложува на кризните штабови во согласност со проценката за епидемиолошката состојба на реонот на кантонот, да донесат наредба за преекин на редовната настава во траење од 15 дена.

Вкупниот број заразени во БиХ денеска се зголеми на 11.