Регион 28. октомври 2018. / 19:30

Убиен мажот кој нападнал полициска патрола во Албанија

Убиен мажот кој нападнал полициска патрола во Албанија

Албанското МВР соопшти дека припадници на специјалната албанска полиција Ренеа, попладне го убиле напаѓачот на полициската патрола во јужна Албанија, кој пред почетокот на свеченоста на грчки празник кај гробиштата на грчките војници кај селото Буларат областа Дропул, пукаше во полицијата.

Според албанските медиуми 35 годишниот Констадинос Качифа, со огнено оружје калашников пукал во полицијата а цел му било да предизвика инцидент. Качифа според истите извори бил албански државијанин инаку етнички грк и повеке години живеел во Грција. Сепак засега нема официјална информација за причините на инцидентот.

Медиумите јавуваат дека и покрај инцидентот свеченоста кај гробиштата на грчките војници погинати во Италјанско – грчката војна по повод грчкиот празник во селото Буларат е одржана. Албанската телевизија Топ Чанел вечерва јави дека токму убиениот вчера го украсил селото со грчки знамиња и планирал инцидент.

И додека медиумите во Албанија убиениот КК , го нарекуваат грчки екстремист, официјална Атина пред малку упати остар протес до Албанското МНР, барајки притоа Тирана да ги изнесе сите детали околу убиството на КК. Во соопштението на Грчкото МНР кое е пренесено од страна на медиумите во Тирана се наведува дека неоходна е одговорност на албанската полиција.