Регион 21. јуни 2020. / 22:19

Убедлива победа на СНС на Александар Вучиќ на изборите во Србија

Убедлива победа на СНС на Александар Вучиќ на изборите во Србија

Српска напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ ќе ја зацврсти својата власт во Србија бидејќи е на пат да оствари убедлива победа на денешните парламентарни избори, кои се одржаа среде епидемија на коронавирусот.

Според прелиминарните резултати, СНС освои 63,4% гласови, што ќе ѝ донесе дури 180 пратенички места од можни 250, а далеку на второто место е нејзиниот коалициски партнер Социјалистичка партија со 10,3%. Трета по освоени гласови е партијата на бившиот ватерполист Александар Шапиќ, СПАС, со 3,9% гласови.

Драган Ѓилас, лидерот на движењето Сојуз за Србија, кое го предводеше бојкотот на опозицијата, изјави дека Србија денеска му кажала „не“ на режимот на Вучиќ.

Бојкотот ја исполни својата смисла и го соголи режимот. Според наши информации, на повеќе од пет отсто избирачки места се забележани закани кон гласачите, кажа Ѓилас.