Косовската полиција ја уапси пратеничката од опозициското движење Самоопределување, Саранда Богујевиќ и уште неколку други активисти на таа партија.
Апсењето следело откако приведените за време на акцијата која ја организирале за полициското „не реагирање на насилството над жените“ фрлиле црвена боја на зградата на полицијата, пренесува порталот КоССев.
Според медиумите, за време на акцијата десеттина активисти на Самоопределување фрлиле црвена боја на главната станица на полицијата на Косово.