Регион 19. мај 2020. / 10:38

Уапсена директорка на старечки дом во Србија, заразила 49 лица од кои 6 починале

Уапсена директорка на старечки дом во Србија, заразила 49 лица од кои 6 починале

Јавното обвинителство во Неготин, Србија нареди задржување на директорката на Домот за стари лица во тој град бидејќи не ги преземала пропишаните прописи и потребни мерки за спречување на ширењето на корона вирусот заради што во домот се заразиле 49 лица.

Заради ваквата немарност од корона вирусот починале 6 штитеници на Домот за стари лица. Осомничената директорка не е претходно уапсена бидејќи и самата била на лечење од корона вирусот.