Регион 05. ноември 2019. / 14:34

Уапсен внук на албански пратеник за атентатот врз обвинителот на Драч

Уапсен внук на албански пратеник за атентатот врз обвинителот на Драч

Редја Раја, внук на пратеникот на Социјалистичката партија на Албанија, Рахман Раја е уапсен од страна на албанската полиција како осомничен за вмешаност во вооружениот атентат кој се случил пред неколку дена врз обвинителот на Драч, Арјан Ндоја.

Според првичните информации на Визион Плус, се дознава дека истражителите идентификувале ДНК траги на 34-годишникот во доказите собрани за тешкиот настан што се случи минатиот петок во месноста Шкозет, Драч.

Редјан Раја, по професија стоматолог, се дознава дека во последно време живеел и во Албанија и во Канада.

Сепак, се уште нема официјални информации од полицијата за улогата на Раја во овој грозен настан.

Инаку, три лица, меѓу кои и обвинителот на Драч, Арјан Ндоја, беа повредени доцна во петокот, откако неидентификувани напаѓачи, во близна на градот, кај надвозникот во Шкозет, пукале во возило што се движело од Драч кон Тирана.

Според албанските медиуми, во возилото во кое бил обвинителот било пукано од возило во движење со марка „Мерцедес бенц”.