Регион 05. февруари 2020. / 13:47

Уапсен педофил кој следел мајка со дете и мастурбирал на улица во Сплит

Уапсен педофил кој следел мајка со дете и мастурбирал на улица во Сплит

Полицијата во Сплит уапсила човек против кој е почната истрага поради сомнение за педофилија

Истрагата е почната откако една мајка на Фејсбук ги предупредила граѓаните дека се појавил педофил, притоа опишувајќи детали од средбата со него, додека била заедно со своето дете.

Полицијата веднаш реагирала на напишаното на социјалните мрежи па прво ја контактирала мајката, а потоа почнала со криминалистичко истражување кое вродило со плод, затоа што во брзо време го уапсиле осомничениот.

Неофицијално, уапсениот маж ја следел мајката и нејзиното тригодишно дете по улица и цело врем мастурбирал пред детето.