Регион 18. април 2019. / 12:34

Уапсен е „црногорскиот Ескобар“

Уапсен е „црногорскиот Ескобар“

М.Б. од Подгорица е уапсен поради сомнеж дека учествувал во шверц на 807 килограми кокаин од Венецуела во Европа, а со себе имал пасош на Јужноафриканската Република.

Како што јавуваат црногорските медиуми, полицијата на Јужноафриканска Република истражува дали тој случај е поврзан со заплената на 840 килограми кокаин кои во септември минатата беа најдени на јахта во Португалија, кога беа уапсени четири лица меѓу кои двајца државјани на Црна Гора.

Повеќемесечната истрага на тамошната полиција укажала на сомнеж дека во договорот околу шверцот на кокаинот учествувале уште лица, но не се исклучува можноста и М.Б. да бил дел од истата криминална група, која со повеќе различни превозни средства се обидела да прошверцува товари од по 800 и повеќе килограми кокаин.