Турскиот суд донесе одлука двацата грчки војници кои беа уапсени во март, по преминувањето на границата, да останат во притвор, пренесува „Ројтерс“.
Атина тврди дека војниците преминале на турската територија случајно, како последица на дезоријентација поради лошите временски услови, но Анкара сепак нареди апсење за илегален влез во земјата, под сомнеж за шпионажа.
Одуката на судот следи неколку дена откако грчкиот премиер, Алексис Ципрас се состана со турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган во Брисел, на маргините на НАТО Самитот. Двајцата во рамки на средбата се согласија да се фокусираат на напорите за намалување на тензиите во Егејското Море.