Регион 28. април 2020. / 12:37

Тројца словенечки војници на КФОР на Косово заразени со корона вирус

Тројца словенечки војници на КФОР на Косово заразени со корона вирус

Вооружените сили на Словенија потврдија дека тројца нивни војници, припадници на меѓународните сили предводени од НАТО во Косово, КФОР, се заболени од Ковид-19.

Во соопштението што го објавија косовските медиуми се наведува дека заразените војници се пренесени во Словенија за натамошен лекарски третман.

Пред неколку дена осуммина словенечки војници од мисија на НАТО во Мали беа вратени во земјата затоа што биле заразени со корона вирус.

Меѓу заразените на Косово има и вработени во најголемата база на КФОР во земјата, Бондстил во близина на Урошевац, каде што се сместени американски припадници на меѓународната мисија.