Грчката крајбрежна стража спаси 36 бегалци и мигранти кај островот Сапијенца, во близина на Пелопонез.
Тие биле пронајдени во чамец на море, јужно од малиот остров.
Бегалците повикале помош по пат на единствениот европски број за вонредни ситуации 112. Грчката новинска агенција „АНА“ пренесе дека бегалците биле префрлени на пристаништето Метони, на југот на Пелопонез.