Регион 22. март 2020. / 08:54

Три нови случаи на корона вирус во Косово, билансот на заразени 31 лице

Три нови случаи на корона вирус во Косово, билансот на заразени 31 лице

Институтот за јавно здравство на Косово доцна синоќа објави дека во текот на минатата ноќ во земјата се потврдени три нови случаи на лица носители на корона вирусот, со што вкупниот број на заразени во земјата се искачи на 31 лица.

Институтот за јавно здравје објави и дека, од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, во нивната лабораторија за молекуларна микробилогоја, со соодветните методи, се испитани примероците на вкупно 567 лица за кои постоело сомневање дека се заразени од вирусот Ковид-19, а само вчера се извршени 150 тестирања.