Траект што сообраќал на релација Бари-Драч, во кој имало 280 патници, останал три часа на отворено немирно море поради дефект.
Капетанот изјавил дека се појавил проблем во контролната табла што условило блокирање на траектот рано изутринава околу 3 часот.
-Со крајни напори рачно успеав да запалам еден од моторите, по што траектот доби електрична енергија и тоа малку ги смири патниците кои беа во паника. Останавме три часа на отворено море, изјавил капетанот.
Околу 6 часот, по санирање на дефектот, траектот тргнал кон Драч каде што стигнал нешто по 16 часот.