Регион 29. август 2018. / 12:03

Траект со 1016 патници во Пиреј доплови до пристаништето во пламен (ФОТО+ВИДЕО)

Траект со 1016 патници во Пиреј доплови до пристаништето во пламен (ФОТО+ВИДЕО)

Траектот со 1016 патници, каде во текот на ноќта избувнал пожар додека патувал кон Крит, рано утринава безбедно пристигнал на пристаништето Пиреј, соопшти грчката крајбрежна стража.

Истоварувањето на сите патници завршило околу 7 часот изутрина.

 

Нема извештаи за повредени, изјави еден службеник од крајбрежната стража за Ројтерс.

Бродот Елефтериос Венизелос со 875 патници и 141 член на екипажот испловил од островот Хидра кога околу полноќ ја известил крајбрежната стража дека во делот со паркирани автомобили избувнал пожар. Траектот во придружба со крајбрежната стража е испратен до Пиреј. „Беше голема операција и се се одвиваше според планот“, изјави портпаролот на крајбрежната стража Никос Лагдијанос.

Очевидец за Ројтерс изјави дека во Пиреј видел како патниците со спасувачки елеци се симнуваат по скалите додека дим излегува над бродот. На пристаниште се наоѓаат и пожарникари.

Тешко дишевме поради димот“, рече еден патник за Скај Њуз.

Причината за пожарот не е позната, но грчките власти ја испитуваат можноста дека се запалил еден автомобил. На траектот имало повеќе од 200 возила, вклучувајќи и камиони.