Денеска напладне во јужниот дел на Албанија се регистрирани серија земјотреси.
Албанските медиуми кои се повикуваат на надлежните институции во земјата јавија дека земјотресите најмногу се почувствувани во градот Валона и регионот , а епицентарот бил 5 километри далеку од месноста Орикум, со јачина од 3,9 степени според Рихтер.
Според првичните информации нема повредени ниту материјални штети.