Во тепачка која се случила денеска околу 14 часот на улицата Гаврило Принцип, во центарот на Белград повредено е едно лице и со возило на Итната помош пренесено е во Ургентен центар, изјави српската полиција, пренесува Танјуг.
Како што е наведено, во тек е утврдување на причините за тепачката, а медиумите неофицијално пренесуваат дека избил инцидент меѓу мигранти.