Регион 13. септември 2019. / 13:52

Телото на познат Србин пронајдено како се распаѓа

Телото на познат Србин пронајдено како се распаѓа

Телото на познат српски спортски работник, Предраг Матиќ, вчера било најдено во фаза на распаѓање во неговиот стан во Параќин.

Мртвото тело на 57-годишниот маж го пронашла полицијата, која насилно влегла во станот по дојава за неподнослива миризба. Смртта, било констатирано дека настапила по природен пат, а мртвото тело се распаѓало десет дена.

Станарите пријавија дека се шири неподнослив мирис, бев до подрумот, но ништо не открив. Кај Предраг заѕвонев на врата но никој не отвори, тропав и лупав со денови. Викнав полиција. Констатираа дека човекот умрел од инфаркт, вели еден од соседите.

Матиќ живеел сам, не бил оженет и немал деца. Соседите биле изненадени од веста за смртта зошто тој бил релативно млад, водел здрав живот и немал проблеми со здравјето.