Регион 13. декември 2018. / 15:21

Тажна вест: Утрово почина познат српски актер

Тажна вест: Утрово почина познат српски актер

Актерот Божидар Боле Стошиќ почина утрово во болницата во Белград, на 82 години, после долго и тешко боледување, пренесува српска Политика.

Долгата кариера ја започна како Боле од бурето во детската емисија “Илјада зошто”, а последен пат на сцената се појави во мјузиклот “Фантомот на операта” во театарот во Белград.

Познат е и по серијалите “Семејно богатство” и “Среќни луѓе”.