Регион 13. август 2018. / 18:53

Тажна вест ја потресе Хрватска: Почина млад спортист

Тажна вест ја потресе Хрватска: Почина млад спортист

Андреас Фелипе Руиз, одбојкар од хрватскиот клуб Младост Рибол од Каштела, почина од срцев удар.

Веста за смртта на 22-годишното момче ја пренесе неговиот тренер Иван Ранчиќ, пишуваат хрватските портали.

„Не можам да се соземам. Тоа момче ми беше еден од најомилените играчи кои некогаш сум ги тренирал. Сите го сакавме“, изјави тренерот.

Инаку Колумбиецот во Хрватска стигнал пред две години.