Регион 07. април 2018. / 22:43

Танкер удри во палатата на Салих Ефенди во Истанбул (ВИДЕО)

Танкер удри во палатата на Салих Ефенди во Истанбул (ВИДЕО)

Танкер удри во Палатата на Салих ефенди во Истанбул, откако откажала опремата за управување, јави Си-ен-ен Турк и додаде дека сообраќајот е сопрен во двете насоки. Засега нема извештаи за жртви, но снимките од местото на незгодата покажиуваат голема штета на историската палата под мостот на султанот Фатих Мехмет, еден од трите премини меѓу европската и азиската страна.

Палатата на Салих ефенди потекнува од 18 век и се користи за венчавки и концерти. Танкерот „Витаспирит“ кој удри во палатата плови под малтешко знаме.