Регион 15. ноември 2019. / 14:08

Тања Фајон: Изборното законодовство на Србија не е усогласено со барањата на ОБСЕ

Тања Фајон: Изборното законодовство на Србија не е усогласено со барањата на ОБСЕ

Претседателката на Комитетот за стабилизација и асоцијација на Европскиот парламент (ЕП) со Србија, Тања Фајон, како дел од делегацијата на ЕП во српското Собрание, ќе посредува во вториот круг на меѓупартискиот дијалог за изборните услови.

Фајон за „Вечерње новости“ изјави дека прво ќе се разговара одвоено со опозицијата и со претставниците на власта, а потоа на заедничка средба двете страни би ги искажале своите ставови за ситуацијата и ќе можат заедно да дојдат до взаемно прифатливо решение што ќе доведе до нормални одвивање на изборите и враќање на опозицијата во парламентот.

Таа изјави дека иако постои напредок, сегашното изборно законодавство на Србија не е усогласено со барањата на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Евеопа (ОБСЕ) за изборите.

– Не само што не е усогласено, туку е проблем во спроведувањето. Првенствено, медиумското претставување на сите страни не е еднакво. Ова е голем проблем, бидејќи слободата на медиумите е еден од главните елементи на владеењето на правото на државите што се стремат кон членство во ЕУ. Исто така е важно да се има појасна структура за финансирање на политичките субјекти и за изборните кампањи – изјави Фајон.

Како што рече таа, забележително е дека двете страни имаат различни ставови за изборите.

– Јас не би се согласила целосно со ставот на властите дека претходните избори беа со исти законски услови, токму затоа што опозицијата не ги бојкотираше последните избори – посочи Фајон.

Според неа има добри шанси Европскиот Парламент да испрати набљудувачка мисија на изборите, но дека сè уште не е се решено, затоа што Србија прво треба да побара присуство на мисијата за да може да се направи тоа да биде изводливо.

Делегацијата на ЕП веќе ги почна разговорите во Белград со претседателот Александар Вучиќ, на кои, според кусото соопштение од неговиот кабинет,  се разговарало за сите важни прашања и забелешки на дел од вонпарламентарната опозиција на изборните услови и процедури во Србија.