Регион 25. септември 2018. / 09:40

Тачи: Време е со Србија да постигнеме мировен договор

Тачи: Време е со Србија да постигнеме мировен договор

Претседателот на Косово Хашим Тачи, во Њујорк изјави дека е време да се постигне мировен договор со Србија.

Тачи истакна дека со таков договор ќе се отвори евроатланската перспектива за Косово и Србија, додавајќи дека истиот не подразбира поделба или размена на територии, пренесе РТК2.

Претседателот на Косово рече дека за ова прашање ќе стане збор и на состаноците со светските лидери, учесници на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Посетата на САД, Тачи ја оцени како важна за зајакнување на позицијата на Косово на меѓународната сцена и членство во меѓународните организации, посебно во Интерпол.