Регион 15. мај 2020. / 13:17

Тачи верува дека Белград ќе ја признае независноста на Косово

Тачи верува дека Белград ќе ја признае независноста на Косово

Претседателот на Косово Хашим Тачи верува дека дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на САД ќе доведе до признавање на независноста на Косово, а потоа, како што вели, до демаркација на границата и членство во Европската унија.

Според приштинскиот портал „Лјами“, Тачи има доверба во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Дијалогот што го водат (Ричард) Гренел и администрацијата на претседателот Трамп ќе заврши со конечен договор со Србија, што ќе резултира во меѓусебно признавање, по што следува демаркацијата на границата со Србија – смета Тачи.

Според Тачи, успешниот крај на дијалогот ќе доведе до членство на двете држави во Европската унија.