Регион 17. септември 2018. / 22:04

Тачи следната недела со Трамп за корекцијата на границата со Србија

Тачи следната недела со Трамп за корекцијата на границата со Србија

Како што тврди приштинскиот портал, повикувајќи се на дипломатски извори, Тачи и Трамп ќе разговараат за „инцијативата за корекција на границата меѓу Косово и Србија, која САД ја поддржаа“.

„Такво нешто беше сосема очекувано по изјавата на Трамповиот советник за безбедност Џон Болтон од пред некој ден. На конференција за медиумите во Киев, Болтон кажа дека американската политика е таква што, ако двете страни можат да работат една со друга и да постигнат договор, САД нема да ја отфрлат корекцијата на териториите“, пренесува Индекс онлајн.

Трамп и Тачи ќе разговараат и за билатералните односи, како и за случувањата на Западниот Балкан, со посебен акцент на процесот на дијалогот меѓу Белград и Приштина „за постигнување мировен договор“, пишува истиот портал, а пренесуваат српки медиуми.