Косовскиот претседател Хашим Тачи го прими тимот на Безбодносните сили на Косово (ФСК), кој освои сребрен медал на штототуку завршениот меѓународен натпревар „Камбиан Патрол“ што се одржа во Велика Британија.
Тачи изјави дека Косово може да се гордее со својата модерна мултиетничка војска, за чиј развој се заблагодари на државите сојузнички на Косово.
– Ова е само уште еден успех, бидејќи овој извонреден тим, овие подготвени војници, постојано постигнуваат успеси насекаде низ светот. ФСК се извонредно подготвена, мултиетничка сила, која веќе е спремна да помогне во јакнењето на мирот секаде каде што има потреба – изјави Тачи.
Ushtarët tanë, kudo në botë po dëshmojnë aftësi, vigjilencë dhe profesionalizëm. Në çdo garë ndërkombëtare, ata po…
Posted by Hashim Thaçi on Вторник, 29 октомври 2019
На традиционалниот патролирачки натпревар што се одржува во Велика Британија, годинава учествуваа 132 тима, меѓу кои и претставници од 34 земји од регионот и од светот.
Златниот медал на овој, како што се нарекува „најтежок патролирачки тест во светот“, го освои специјалната единица на британската армија од базата Килкени.