Регион 21. октомври 2018. / 16:01

Тачи: Припојувањето на Прешевската Долина кон Косово е идеја на САД

Тачи: Припојувањето на Прешевската Долина кон Косово е идеја на САД

Косовскиот претседател, Хашим Тачи изјави синоќа во најгледаната шоу програма „Оксиџен“ која се емитува на косовската телевизија (КТВ) дека инсистирањето за припојување на Прешевската долина кон Косово е идеја на Соединетите Американски Држави.

„Оваа идеја, поточно корекцијата на границите за припојување на Прешево, Бујановац и Медвеѓе кон Косово, ми ја предложија САД“, рече Тачи, и појасни дека идејата дошла од некои советници, но не наведе за кои станува збор.

Додаде дека возвратил оти е подготвен на тоа доколку размислуваат сериозно, а тие тоа го потврдиле.