Регион 03. февруари 2020. / 22:43

Тачи: Пред нас се уште многу предизвици

Тачи: Пред нас се уште многу предизвици

Претседателот на Косово, Хашим Тачи  даде оценка, по повод формирањето на новата влада, дека пред Приштина стојат голем број предизвици.

– После фер и демократските избори, Косово успешно ги воспостави сите институции, вклучително нова влада денеска. Пред нас се голем број предизвици, но остануваме непоколебливи во напорите да ја консолидираме нашата државност и да го добиеме своето легитимно место меѓу народите од слободниот свет, порача Тачи на Твитер.

Пратениците во собранието во Приштина вечерва ја изгласаа новата влада, која ќе ја предводи лидерот на Самоопределување Албин Курти.

Собранието го одобри формирањето на новата влада со 66 гласови за и 10 воздржани.