Одлуката на владата во Приштина за воведување царини за производите кои се увезуваат од Србија и БиХ не е добар потег, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи.
Тој тоа го изјави за приштинскиот сајт Индексонлајн, на новинарско барање да ја искоментира одлуката на косовската влада.
Тачи, според косовскиот портал, кажа дека Приштина мора да дејствува одговорно и дека не смее да прави чекори кои можат да ја искомплицираат поддршката од меѓународната заедница.
Воведувањето на таксите беше причина за најавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека претставниците на Белград нема да се појават на дијалогот во Брисел, сѐ додека тие не бидат укинати.