Косовскиот претседател Хашим Тачи на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека годината која ја започнуваме ќе биде година на отворање на границата на Косово и Албанија.
Претседателот Тачи, исто така посочи дека 2018 година е година на Косовската армија и дека 2019 година ќе биде година на отворање на границата со Албанија и постигнување на конечен договор помеѓу Белград и Приштина.
-Додека 2018 година беше година на „Армијата на Косово”, годината што ја започнавме ќе биде година на отворање на границата на Косово и Албанија и постигнување на конечниот договор меѓу Косово и Србија-напиша Тачи на „Фејсбук“.