Регион 10. ноември 2018. / 21:31

Тачи: Нема ниту поделба на Косово ниту Република Српска во Косово

Тачи: Нема ниту поделба на Косово ниту Република Српска во Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска во Париз изјави дека како резултат на разоворите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија нема да има поделба на Косово ниту ќе се формира Република Српска во Косово.

– Нема поделба на Косово, ниту асоцијации со извршни овластувања што подразбира формирање Република Српска на Косово- изјави Тачи во Париз каде е на повик на францускиот претседател Емануел Макрон и учествува во прославата на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна.

Тачи оцени дека резултат од дијалогот за нормализација на доносите меѓу Косово и Србија треба да биде потпишуавње правно обврзувачки договор.

– Првата точка ќе биде меѓусебно признавање на Косово и Србија- додаде Тачи.