Косовскиот претседател Хашим Тачи изјавил дека нема да соработува со Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, бидејќи тој не ја признава независноста на Косово.
“Се надевам на координација со (Авдулах) Хоти како премиер. Ќе ја исполнам својата уставна и правна улога, но не сакам да се сретнам со српските лидери. Навестив дека нема да одам во Брисел на разговори, бидејќи Лајчак не го признава Косово и нема да разговарам таму каде што станува збор за дијалогот помеѓу Приштина и Белград “, изјавил Тачи во емисијата „Пресинг“, пренесува „Косово онлајн“.
Тој додал дека поранешната министерка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, ставила до знаење дека Косово е независна држава и не им се обраќала со „Приштина“.
Курти треба да поднесе извештај до новиот премиер
„Јас лично му кажав на Лајчак дека ќе направи добра работа само ако го признае Косово како независна и суверена држава. Косово мора прво да добие визна либерализација како би се вратила довербата во европските институции“, додал Тачи.
Според него, Курти треба да му поднесе извештај на новиот премиер за тоа што разговарал во текот на последните три месеци со Лајчак и со министерот за надворешни работи на Европа, Жозеп Борел.
Исто така изјавил дека нема да се кандирира за втор мандат како претседател на Косово.
„Јас немам договор со никого, ниту со Иса Мустафа за каква било позиција. Реков дека ќе го завршам мандатот во февруари. Повеќе нема да бидам претседател“, соопштил Тачи.