Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека постои реална можност за обединување на Прешевската долина со Косово, со што, според него, би се реализирало легитимното право на Албанците од таа област во јужна Србија.
Тачи на својот профил на фејсбук напиша дека во понеделникот и вторникот имал средби со претставници на академскиот свет, бизнисмени и поранешни борци на ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, а главна тема на разговорите било припојувањето на долината кон Косово.
– Обединувањето на Прешево, Медвеѓа и Бујановац беше главна тема на нашите разговори. Заеднички заклучок беше дека ова е историски момент за заживување на легитимното право на граѓаните на оваа област, во рамките на дијалогот меѓу косовската и српската држава, напиша Тачи.